Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ДОБРЕДОЈДОВТЕ на страната на ЛУПЕК ЛОГИСТИК !

ЛУПЕК ЛОГИСТИК е формирана во 2005 година. Веќе во следната година фирмата завзема угледно место во транспортниот бизнис во Македонија. Во истата 2006 година раководството на фирмата прави анализа на пазарот и проценка на можностите за развој на истиот. Истовремено е изработен и развоен план за следните 4 години во кој се прецизирани насоките и целите кои фирмата треба да ги следи и постигнува. Денес после само четири години ЛУПЕК ЛОГИСТИК зафаќа значаен пазарен удел помеѓу транспортните компании во Македонија. Тоа е доказ и сатисфакција, за вработените во фирмата, дека само со професионален однос кон работата и со спроведување на своите прогресивни идеи и проекти може да се очекуваат позитивни резултати.

Амбициите на ЛУПЕК ЛОГИСТИК не запираат тука. Фирмата сега е во фаза на детална анализа на резултатите од досегашното работење и составување на нов развоен план бидејќи сака уште повеќе да го унапреди нивото на своите услуги и да го зголеми бројот на задоволни коминтенти. Новиот план зафаќа некои области кои во претходниот не беа од највисок приоритет, а сега веќе имаат и стратешка определба на фирмата.

  • Инвестирање во квалификации на нови вработувања, подобри работни услови на сите нивоа, одржување и зголемување на нивото на професионализам.
  • Инвестиции во нови технологии, софтвер, иновации во транспортниот бизнис од било кој вид.
  • Зголемување на пазарниот удел до крајот на 2013 година
  • Проширување на транспортните услуги во земји каде сме помалку присутни.

„Многу не радува кога ќе не контактира нов коминтент но уште повеќе сме задоволни кога тој ќе остане да соработува со нас, што е потврда и за неговото задоволство од услугите кои ги добил во нашата фирма.”

ЛУПЕК ЛОГИСТИК

Зашто ЛУПЕК ЛОГИСТИК ?

ЛУПЕК ЛОГИСТИК е млада фирма која сака да се развива и расте. Доволно сме амбициозни за да ги оствариме нашите цели и да го прошириме нашето знаење и искуство за да ги извршуваме нашите задачи максимално професионално. Задоволни сме со нашето работење само тогаш кога ќе го исполниме очекувањето на секој наш клиент. И затоа обратете ни се нас со полна доварба.

Copyright© 2009 | LupekLogistik